Зеленски: Русија отворено одбива да се согласи на прекин на огнот

Украина никогаш не сакаше ниту еден момент од оваа војна, рече претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање, цитирано од украинските медиуми.
Зеленски истакна дека тоа веќе стана навика на руската страна – да води војна против соседите, да извезува омраза и да уништува човечки животи.
-Сите сакаме ова да заврши. Потребен е мир и тој мора да биде траен. Затоа Украина секогаш работи конструктивно со своите партнери во сите формати кои можат да донесат безбедност и да го вратат мирот. Ние не сме подготвени само за брз мир – Украина никогаш не ја сакала оваа војна, ниту за секунда. И секој ден Украина го брани животот, рече Зеленски.
Тој потсети дека пред 34 дена Украина позитивно одговорила на предлогот на САД за целосен и безусловен прекин на огнот – прекин на сите такви напади, како што се оние на Суми, Криви Рих, Днепар, Купјанск и Берислав, како и по целата линија на фронтот.
-И веќе 34 дена Русија отворено одбива да го прекине огнот. И сега – исто како што беше многу години – Путин останува фокусиран на продолжување на војната. Фокусиран на напади како овие. Фокусирани на атентати. Руските државни пропагандисти ја подготвуваат својата публика за идејата дека преговорите и дипломатијата нема да доведат до никакви резултати, рече Зеленски.
Според него, „ако нема доволно силен притисок врз Русија, тие ќе продолжат да водат војна“.
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
