Македонија
13. April 2025 - 16:35

Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница

Стабилна е здравствената состојба на четворицата пациенти повредени во пожарот во клубот во Кочани кои се на лекување во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски, вели директорот.

-Во моментот се хоспитализирани 4-ца од кои двајца се пуштени викендов дома да се видат со фамилиите, вечерва ги очекуваме да се вратат и двајца кои во моментот се во болница и сите се во стабилна состојба. Тројца се со изгореници, а еден е со инхалаторни повреди, изјави д-р Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести "Св. Наум Охридски".

Од четворицата пациенти тројца се вратени од странство, а еден повреден во пожарот цело време, веќе месец дена е на лекување во хируршката клиника.

-Каде се прават некои преврски и во текот на следната недела се очекува да биде испишан на домашно лекување, вели д-р Настов.

Покрај пациентите кои се во клиниката за хируршки болести, во македонските болници викендот хоспитализирани се уште 6 повредени, тројца на Пластична, еден во ГОБ 8 септември и двајца во Аџибадем Систина.

Во странски центри и викендов се уште на третман има 48 лица, а некои од нив според најавите од здравствените власти во текот на идната недела се очекува да бидат вратени во Македонија.

Идната недела во земјава ќе почнат и обуките на здравствени работници од Скопје, Штип и Кочани кои ќе бидат едуцирани од британски експерти за подолготрајниот процес на опоравување на дел од повредените во големата трагедија во Кочани.