Пад на руските приходи од нафта и гас
Рускиот буџетски приход од нафта и гас нагло падна во првото тримесечје, што ја одразува високата споредбена основа од 2024 година и пониските просечни цени, покажаа податоците објавени на веб-страницата на Министерството за финансии.
Во периодот од јануари до март, Русија оствари приход од нафта и гас во износ од 2,64 билиони рубљи, односно 30 милијарди долари, според податоците на Министерството, цитирани од новинската агенција ТАСС.
Приходите се намалиле за 9,8 отсто во споредба со истиот период минатата година, главно поради тоа што во февруари 2024 година беа вклучени еднократни приходи од данокот за вадење нафта, објасни Министерството за финансии.
Меѓу причините за падот се издвоени и пониската просечна цена на нафтата. Намалениот приход се компензира со „вишокот“ од поволниот ценовен период и со средства од стабилизацискиот фонд, со цел да се заштити буџетот од ценовните осцилации на нафтата и гасот, потсетува Министерството.
Флуктуациите во цените на нафтата се главниот канал преку кој ескалацијата на царинските војни би можела да влијае на руската економија, изјави денес во Думата гувернерката на Централната банка, Елвира Набиулина.
„Главниот можен канал на влијание е флуктуацијата на цените на нафтата, односно падот на цените“, појасни Набиулина. Централната банка проценува дека просечната цена на барел нафта оваа година ќе изнесува 65 долари, додека во 2026 година се очекува да падне на 60 долари.
Рускиот буџетски приход од другите економски сектори во првото тримесечје изнесуваше 6,4 билиони рубли (75 милијарди долари) и е за 10,6 отсто повисок од истиот период лани, според податоците на Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена