Дејли Мирор: Украина на бојното поле пушта 15.000 вооружени роботи - тивки убијци
Украина почна да распоредува 15.000 вооружени борбени роботи, познати како „тивки убијци“, во обид да ја запре руската офанзива на источниот фронт, која продолжува да бележи успеси и се шири длабоко на украинска територија, објави британскиот таблоид „Дејли мирор“, цитирајќи сигурни украински извори.
Војниците роботи, дизајнирани да ги поддржуваат војниците во рововите и да помагаат во урбаните конфликти, се надеваат украинските воени команданти, би можеле да претставуваат клучна пресвртница во борбите што се повеќе се одвиваат од заслони и блиски дистанци, и да претставуваат пробив во војувањето со висока технологија.
Роботите се опремени со оружје и сензори, можат да се движат по нерамен терен и да работат и дење и ноќе.
Еден од најистакнатите модели е „Лутиот“, вооружен со пушка од 7,62 мм (истиот калибар го користи АК47) и се користи за извидување, поддршка за напад и прецизен оган.
Украинските сили на ова мобилно оружје му доделија посебна улога во воената тактика – да напаѓа од неочекувани правци и да го одвлекува вниманието на руските војници, наведува британскиот весник.
Роботите се контролираат од далечина, што им овозможува на операторите да бидат безбедни, а истовремено драстично се намалува ризикот за персоналот, што е особено значајно по неодамнешните високи загуби во Украина, истакнува Дејли Мирор.
Според воени извори, Украина значително го проширила капацитетот за производство на UGV во тајните фабрики низ земјата кои користат тивки електрични мотори како погон што овозможува долгорочно оперативно дејствување, дури и на температури до -20 степени Целзиусови, што е многу значајна карактеристика за територијата на Украина и Русија каде температурата често паѓа под нулата, пишува Мирор.
Министерството за одбрана на Украина само во првиот квартал од 2025 година инвестираше дури 120 милиони фунти (повеќе од 140 милиони евра) во роботски воени системи.
Ова е најголемата инвестиција во воена автоматизација досега, а Киев верува дека масовната употреба на роботи ќе ја сврти актуелната ситуација на фронтот во нивна корист.
Според тврдењата на британскиот весник, роботите во модерното војување играат сè поголема улога во урбаните конфликти, заменувајќи ги војниците во најопасните мисии за кои е потребна борба „гради во гради“.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска