Преглед на вестите од светот
По две недели откако беше отпуштен од болница, Папата Франциск се појави на плоштадот Свет Петар во Ватикан по повод јубилејната година на Католичката црква.. Беше донесен во инвалидска количка, а користи и кислород.. Присутните верници ги поздрави со рака и кратко им се обрати.
„Среќна недела на сите, многу ви благодарам“, изјави Франциск.
Папата Францсик во болница беше примен во средината на февруари поради пневмонија.. Последното обраќање во јавноста го имаше на 23 март..
Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе го објави мандатарот за состав на нова влада.. Како што соопштуваат од неговиот кабиент, предлогот за иден премиер ќе биде испратен до Народното собрание, кое има рок до 18 април да ја избере новата влада..
Владата предводена од Милош Вучевиќ, поднесе оставка на крајот од јануари откако неколку членови и поддржувачи на партијата со која раководи нападнаа група студенти во Нови Сад.
Во меѓувреме, претседателот на Србија најави формирање на движење за народот и државата чија цел е обединување на владејачките партии и нивните поддржувачи. Движењето ќе биде промовирано во сабота на митинг во Блеград.
Главниот украински град ноќеска бил под жесток напад на руските воени сили. Украинските власти за воздушна одбрана соопштија дека собориле 40 беспилотни летала и 13 ракети што ги истрелала Москва. Во нападот, едно лице загинало, а повеќемина се повредени.
„Соседите викаа, ми велеа да барам засолниште, да се скријам од мојата куќа која гореше. Не ни знаев што е тоа, дронови или нешто друго. Имаше постојана бучава“
Синоќешниот напад е прв од поголеми размери откако кон крајот на минатиот месец беше соопштено дека се преговара за прекин на огнот.
И Русија објави дека во текот на измината ноќ, пресретнала украински дронови. 11-те беспилотни летала биле соборени над пограничните области Курск и Белгород, но како што информираат, во нападот немало повредени. Остатоци од уништените беспилотни летала направиле само материјална штета врз административни згради.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар