Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот

Неколку медицински сестри кои работеле на ист кат во болница во Бостон, во американската сојузна држава Масачусетс, се разболеле од тумори на мозокот, но истрагата на болницата утврдила дека во таа установа немало никаков ризик за животната средина, што наишло на сомнеж од синдикатот на медицинскиот персонал, јавија американски медиуми.
Официјални лица од болницата Њутон-Велсли во Бостон објавија дека досега се идентификувани пет случаи на тумори, но сите се бенигни, објави Њујорк пост. Сите случаи се регистрирани на петтиот кат во болницата, во одделот за породување.
Една од болните медицински сестри изјави, пак, дека на дури десет вработени во ова одделение во изминатите години им бил дијагностициран тумор на мозокот, кој во некои случаи бил малиген. Таа изјави за Си-Би-Ес дека три или четворица нејзини колеги веќе биле оперирани и ја обвини болницата дека не дава доволно поддршка.
Според неа, сите тие случаи на тумор не можат да бидат случајност.
Во декември минатата година болницата покрена истрага во која учествуваа нејзини стручњаци, како и претставници на Министерството за професионално здравје, како и консултант за квалитет на воздух, вода и радијација.
- Врз основа на резултатите од темелната истрага, сакаме да го увериме нашиот персонал и сите пациенти дека нема ризик за животната средина во болницата Њутн-Велсли, се вели во соопштението на болницата.
Здружението на медицински сестри од Масачусетс (МНА), сепак, не беа задоволни со тие наводи, бидејќи тестовите извршени во болницата не биле сеопфатни, па затоа започнаа сопствена истрага, што е во тек.
Ново на Сител
-

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја
-

Шкендија убедлива со Шкупи, Струга поразена дома од Тиквеш
-

Израелската амбасадорка ги поздрави акциите на македонските власти за истрагата на обидот за палење на синагогата
-

Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
-

Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак
-

МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, осуммина возеле без дозвола, од кои еден малолетник
-

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
-

Туск: Европа не е осудена на авторитаризам по изборите во Унгарија
