Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција пред дводневниот Самит на министрите за одбрана истакна дека е убеден дека Алијансата ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од сојузот.
– САД повеќепати го потврдија членот 5 од Вашингтонскиот договор, но јасно кажаа дека очекуваат од сојузниците повеќе да трошат на одбраната. Тоа треба да го направиме поради заканите од Русија и од Кина, наведе Руте.
Администрацијата на Трамп повеќепати ги повика европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) – повеќе од двојно од сегашната цел на НАТО од минимум два проценти од БДП.
Руте навести дека одлуката за зголемување на трошоците за одбрана најверојатно ќе биде донесена на следниот Самит на НАТО во јуни.
Министрите за надворешни работи на НАТО утре и в петок во Брисел ќе разговараат за зајакнување на одбранбените способности на Алијансата.
– Живееме во опасен свет, НАТО мора да биде посилен, поправеден и поспособен за смртоносни напади, посочи Руте.
Тој ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.
– Ги поддржувам напорите на САД за праведен и траен крај на војната. Војната мора да заврши на таков начин што (рускиот претседател Владимир) Путин никогаш повеќе нема да се обиде да заземе педа од Украина или дел од територијата на НАТО, потенцира Руте.
Тој претходно најави дека сојузниците на НАТО за 2025 година ветиле безбедносна помош за Украина во висина од над 20 милијарди евра, а Командата на Алијансата во германскиот град Визбаден ќе продолжи да ја координира воената помош за Украина и обуката на украинските војници.
Ново на Сител
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат
-
Приведени три лица од Штип, при претрес на нивниот дом пронајдени се пушки и муниција | ФОТО
-
Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
-
Во регистарот на ДКСК евидентирани 1916 возила согласно роковникот на за локалните избори
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути