Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
Бројот на загинати во Мјанмар по вчерашниот голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтеровата скала се искачи на 1.002, додека 2376 се повредени, а 30 се водат како исчезнати, објавија денеска државните медиуми.
-Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области, се наведува во соопштението на хунтата.
Водачот на хунтата Мин Аунг Хлаинг нареди итни спасувачки напори во погодените области. Вчера тој ја покани „која било земја“ да обезбеди помош и донации.
Кинески спасувачки тим денеска пристигна во Мјанмар, додека Русија и САД понудија помош во катастрофата, при што се оштетени стотици згради во соседен Тајланд.
Според симулацијата на Геолошкиот институт на САД бројот на загинати може да надмине 10.000 луѓе во Мјанмар, а загубите би можеле да бидат поголеми од вредноста на бруто домашниот производ на земјата.
Ново на Сител
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал