ВМРО-ДПМНЕ: Институциите работат професионално и првпат пред лицето на правдата се изведуваат сегашни и поранешни функционери

Македонската јавност е сведок дека прв пат, како никогаш до сега државните институции посветено работат на целосно расчистување на трагедијата која ја потресе целата држава.
За првпат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги, без оглед на политичка или етничка припадност.
Во опсежна и сеопфатна истрага се испитуваат сите причини кои доведоа до трагичниот настан во Кочани и сите одговорни се изведуваат пред лицето на правдата.
Опсежната истрага на надлежните органи до сега опфати голем број на лица без разлика на нивната партиска или пак етничка припадност, сегашни или пак поранешни државни функционери.
За само недела дена од трагедијата во сеопфатната истрага, опфатени се над 40-тина лица на кои им се одредени и мерки притвор. Меѓу уапсените има функционери од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ како и луѓе кои не се политички определени или ориентирани.
Ова покажува дека органите на системот, како што се обвинителството и судството, иако лицата кои работат во нив се избрани од тефтерчињата на Заев и Ахмети, сепак знаат да работат професионално. Но вистинското прашање, е зошто на СДС сега им смета и го доведува во прашање нивното професионално работење?
Кога СДС зборува за селективна правда, треба само да потсетиме на трагедиите кои се случија во изминатиот период и во кои немаше сеопфатни истраги и немаше човек што понесе одговорност.
Седум години власт на СДС, никој не понесе никаква одговорност и немаше приведени за трагедии како Ласкарци, Беса Транс или Модуларната болница, каде единствено „виновни“ беа каблите или пак шасиите.
Вистинското прашање е зошто тогаш за тавите трагедии немаше сеопфатни истраги и зошто немаше приведени и одговорни лица, дали затоа што обвинителството и судството беа под директна партиска контрола на СДС?
Трагедиите не треба да се користат за дневно, политичка пресметка, туку тие треба да не обединат сите без разлика на партиската, етничката или пак верската припадност во тагата и болката и да застанеме зад институциите за нивно целосно расчистување.
За ВМРО-ДПМНЕ ова не е тема за политичка битка, туку на оваа трагедија гледа како на историски момент за целосно ресетирање на системот, нешто што и е потребно на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
