Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач
Царинската управа за една недела извршила 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај.
Како што соопшти денеска Царинската управа, во четири случаи се утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за три се водат предкривични постапки од страна на Секторот за контрола и истраги, а во 69 случаи камионите се вратени назад поради утврдени неправилности во делот на серфитикатите за професионална компетентност на возач.
- Неправилностите во делот на лиценците за вршење јавен превоз во меѓународен патен сообраќај, се откриени при контроли во царинска испостава Блаце, Богородица и Ново село. Во три од случаите кои се откриени во Ново Село и Богородица во моментов се води предкривична постапка од страна на Секторот за контрола и истраги, а поради постоење основано сомневање дека е сторено кривично дело фалсификување на исправа или вршење јавен превоз без поседување лиценца казниво по Кривичниот законик. Во случајот откриен на царинска испостава Блаце на излез од државата правното и физичкото лице се казнети од страна на државниот инспекторат за транспорт заради прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај, а возилото е отстрането од сообраќај со земање на дозволата, се наведува во соопштението.
Царинската управа информира дека изминатиот месец Секторот за контрола и истраги поднел три кривични пријави до Основно јавно обвинителство Гевгелија заради фалсификување лиценци за вршење превоз на стока во меѓународен патен сообраќај.
Ново на Сител
-
Од утре поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер
-
Зеленски оди во Париз на разговори со Макрон пред самитот за Украина
-
Четворица лихвари од Охрид изнудиле вкупно 17.990.000 денари
-
Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел
-
Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
-
Првиот пациент вратен од лекување: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците