Комисијата за буџет на Бундестагот даде зелено светло за помош за Украина во вредност од три милијарди евра
Германската парламентарна комисија за буџет денеска го отвори патот за дополнителна помош за Украина во вредност од три милијарди евра, откако најверојатно идниот канцелар Фридрих Мерц ги истурка реформите за зајакнување на инвестициите во одбраната.
Двата дома на парламентот ги одобрија плановите на конзервативците на Мерц и на социјалдемократите, кои преговараат за формирање на следната германска влада.
Потегот за зајакнување на поддршката за Украина беше потврден во изјавата на министерката за надворешни работи, Аналена Бербок.
Трите милијарди евра вклучуваат 2,547 милијарди доделени на Украина од страна на Министерството за финансии оваа година, вклучувајќи го и надоместокот од Европскиот мировен фонд.
Министерството за финансии, исто така, има намера да одобри обврски за 8,252 милијарди евра воена помош за Украина во периодот од 2026. до 2029 година, со што вкупниот износ ќе достигне повеќе од 11 милијарди евра.
Во соопштението на Бербок се вели дека е „крајно време“ парламентарната комисија да го одобри користењето на средствата и дека Германија сега го поставува темпото за поддршката на Европа за Украина.
-Воената ситуација во Украина станува сè посложена во последните неколку месеци, додаде таа.
Земјите од ЕУ, чии лидери се состанаа за да разговараат за помошта за Украина оваа недела, се под зголемен притисок да ја покажат својата посветеност на Украина во услови на неизвесност за идните безбедносни гаранции од САД на претседателот Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола