Loading Video...
Свет
21. March 2025 - 12:29

Преглед на вестите од светот

Поради пожар во трафостаницата во Хејс, во западен Лондон аеродоромот Хитроу во Лондон ќе биде затворен за сообраќај во текот на целиот денешен ден. Проблемите со електричната струја се причина за затворањето. Инаку, пожарот остави илјадници домови без струја, а повеќе од 1.000 летови се пренасочени кон други аеродроми. Лондонската противпожарна бригада соопшти дека околу 70 пожарникари се справуваат со пожарот, додавајќи дека причината за пожарот не е позната. Хитроу е најпрометниот аеродром во Европа и петти најфреквентен во светот.

Полицијата синоќа употреби водени топови и солзавец за да ги разбие протестите во Турција, откако илјадници луѓе излегоа на улиците поради, како што го нарекуваат, недемократското приведување на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Во Измир, демонстрантите беа погодени со водени топови, додека демонстрантите во главниот град Анкара се судрија со полицијата која употреби солзавец и лажни куршуми кон толпата. Имамоглу е главниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и беше приведен во средата со обвиненија за мито и помагање на терористичка група. 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе биде домаќин на состанокот Зеленски во Париз во четврток на кој ќе се разговара за начините како да се помогне во одбраната на Украина. Тој рече дека неговата цел била да разговара за начините за забрзување на непосредната воена поддршка, и за евентуалниот прекин на огнот. 

Кирсти Ковентри е избрана за 10-ти претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Таа влезе во историјата како прва жена и прва Африканка што ќе го предводи глобалното олимписко движење. Изборот се случи за време на 144-та сесија на ИОК во Грција. 41-годишната поранешна пливачка од Зимбабве, победи во првиот круг од гласањето, а функцијата ќе ја преземе на 23 јуни, наследувајќи го Томас Бах. Ковентри има освоено седум олимписки медали,од кои две злата.