-->
-->
Филип излегол меѓу првите но се вратил да бара другарка по што не се вратил, сведочи неговиот татко
-->
Тој бил меѓу првите кои успеале да излезат од дискотеката без поголеми повреди, но одлучил да се врати назад во огнот и димот за да ѝ помогне на другарка која ја немало. По неговото враќање, Филип повеќе не излегол.
„Нашиот ангел Филип Ивановски замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа мочурише во кое живееме ние грешните.
Мојот најдобар другар, колега и херој Филип, а помеѓу другарите Фичо, успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави повреди и решил да се врати назад во оганот и чадот да помогне на другарка која ја немало, но не се врати повеќе.
Последното испраќање со Филипче ќе биде четврток 20.03.2025 во Соборен Храм Свети Никола -Штип ( градска црква ) од 09:00 до 11:00 часот“, вели неговиот татко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Топењето на глечерите ги загрозува резервите на свежа вода, предупредуваат експертите
-
МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници
-
Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна
-
По речиси 22-часовна седница пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025
-
Макрон најави нов самит за Украина следната недела
-
Голем пожар во Лондон
-
Студено утро, преку денот претежно сончево
-
Мексиканската морнарица заплени 4,5 тони кокаин од шверцерски брод