Македонија
19. March 2025 - 20:18

Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници

Истрагата за страотниот пожар во кочанската дискотека се шири и во полициските редови. Седумина раководители и службеници од СВР Штип и од полициската станица во Кочани се осомничени за тешки дела против општатата сигурност бидејки како службени лица овозможиле ноќниот клуб Пулс да работи и покрај тоа што не ги исполнувал условите, што довело и до смртоносниот пожар во неделата кога загинаа 59 млади луѓе, а 196 се тешко повредени. 

 „Како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа. Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди“, соопштуваат од Обвинителството.

Осомничените инсектори и полицијаци дејствијата ги извршиле во текот на 2023 година за добивање на тогашната лиценца на клубот како кабаре, потврди министерот за внатрешни работи Тошковски.

Петиот, шестиот и седмиот осомничен се полициски раковдни службеници од полициксата станица во Кочани. Тие ја изработиеле, потпишале и ја испратиле телеграмата до СВР Штип без да наведат точни и целосни податоци дека во и близина на кабарето има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела. 

Нов осомничен е и актулено раководно лице од министерството за економија кое било дел од постапката за издавање на лиценци за ноќни клубови и кабариња, потврди Тошковски.

За тоа дали ќе има проширување на истрагата и кон надлежни во општината, министерот одговори дека постапката трае.