Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава
Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 - 170 заедно со 16-те примени во приватните болници. Во најкус рок, за 24 часа, сите се згрижени и кон сите е постапено соодветно, а над 70 пациенти се успешно транспортирани надвор од земјава. Со оглед дека се исполнети капацитетите во соседството, од денеска пациенти ќе се испраќаат и во Италија, Холандија и Белгија. Лекарски тимови од Чешка и Израел им помагаат на нашите лекари, додека тим од Британија денеска ќе пристигне во земјава за да помогне во подготвување на следната фаза - рехабилитација на повредените, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој ја посети ГОБ „8 Септември“ заедно со премиерот Христијан Мицкоски.
Според Клековски, сите пациенти се живи и тоа, како што напомена, е голем успех, а критичните се испратени во специјализирани центри во странство.
- Ги уверувам членовите на семејствата дека сите пациенти, до последен, се мобилизирани и се прават максимални напори за нивно лекување. Нема ниту еден критичен пациент да не е згрижен во институција за изгореници, а Владата овозможи родителите да бидат со нивните деца, потенцира Клековски, додавајќи дека ова не е битка од 72 часа, туку ќе трае со недели и месеци.
Директорот на Фондот подвлече и дека податоци за пациентите нема да се соопштуваат лично.
- Медиумите да не очекуваат информации за тоа кој пациент во каква состојба е, странските болници инсистираат комуникацијата да биде преку Министерството за здравство, рече Клековски.
Директорот на ГОБ „8 Септември“ Синиша Стојаноски информира дека засега нема критични пациенти, сите се во стабилна состојба. Повеќето имаат изгореници од втор и трет степен, најмногу на главата и дланките. Други повреди се од вдишување врел воздух и издувни гасови, како и трауматски набиеници и скршеници.
- Болницата максимално ќе се гиржи за сите пациенти и за оние што потенцијално ќе бидат упатени тука, тимот безрезервно се вложува. Протоколите се запазуваат максимално, изгорениците се отворени рани и се внимава да не дојде до потенцијални инфекции на раните, изјави Стопјаноски.
Прмеиерот Мицкоски апелира секој што бил во периметарот на ужасниот на стан да се јави на доктор независно дали чувствува проблеми или не.
- Како Влада правиме се што можеме за да спасиме човечки животи, потенцира Мицкоски.
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите
-
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани
-
Орбан: Полјаците се до гуша во војна
-
Ангелов: Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“ за утврдување евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот
-
Трамп: Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е уапсен
-
На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ уапсена 46-годишна жена барана со потерница
-
Дурмиши: Растот на минимална плата треба да се одреди од економскиот развој, продуктивноста и трошокот за живот