Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија

Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба, напиша премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.
Премиерот ги повикува сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства.
- Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија. Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори. Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност, вели Мицкоски.
Во пожарот во дискотеката во Кочани, според официјалните информации, загинаа 51 лице и над 100 се повредени.
Ново на Сител
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
