Македонија
14. March 2025 - 17:02

Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија

Македонија не се откажува од Коридор 8, иако вчера Бугарија го стопираше проектот и парите ги пренамени за пруга од Софија до Бургас. Со писма до Европсаката делагација, Европската транспортна заедница и двете банки ЕИБ и ЕБРД, кои ни дадоа кредит од 350 милиони евра, владата ќе бара проектот за железничко поврзување на двете земји да продолжи. Министерот за транспорт пренамената на парите ги оцени како политичка пропаганда против  македонската влада.

- Донесоа одлука парите да ги пренасочат, со што испраќаат политичка порака за нивната посветеност односно непосветеност за изградбата на железничкиот Коридор 8 и исто така паѓа во вода целата пропаганда која беше водена во изминативе седум месеци против пртеседателот на Владата, првенствено против премиерот Мицкоски и против мене дека имаме нешто проитв Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, дека имаме некаква оска Атина Белград и слични глупости кои беа дел од пропагандата. Но, на крај вистината излезе а тоа е дека било залажување и пред јавноста и пред европските институции, а намерите биле сосема различни, изјави Александар Николовски, министер за транспорт и врски

На владина седница Бугарија одлучи 500 милиони евра за модернизација на железничката линија од Софија – Перник – Радомир, која води до граничнот премин со Македонија да ги пренамени пред се, поради доцнење на подготовка на проектите и немање финансиски средства. Ако се стопира проектот, Македонија ќе треба да плаќа пенали, односно резервации кај 2-те банки.

- 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации, а во овој случај не би се користеле не поради наша вина, туку по вина на соседната држава и мора да го заштитиме и финансискиот интерес на државата,  додава Николовски

Железничката линија Софија – Перник- Радомир – Ѓуешево е во вкупна должина од 139 километри. Бугарија имаше обврска да изгради и 2,5 километри пруга од Ѓуешево до граница и дел од тунелот на граничниот премин. Но работите тапкаат во место со години. За разлика од нив, Македонија во јануари ја пушти во употреба првата делница Куманово Бељаковце, долга 31 километар, а во моментов се работи на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, во должина од 34 килметри. Дали железнички некогаш ќе ги поврзат овие две земји, премиерот вели дека за танго се потребни двајца.