-->
-->
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба
-->
На 13.03.2025 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци. Тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. биле приведени во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8