-->
-->
Започнува средбата на украинската и американската делегација во Џеда
-->
Делегации од Украина и САД денеска започнаа преговори во Џеда, Саудиска Арабија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.
Според веб-страницата на американскиот Стејт департмент, средбата меѓу двете делегации е закажана за денеска напладне по локално време.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, пред почетокот на разговорите изјави дека тимот е подготвен и дека ќе работи на заштита на украинските интереси и дефинирање јасна визија за завршување на војната.
Во украинската делегација се Јермак, неговиот заменик Павло Палиса, министерот за надворешни работи Андриј Сибига и министерот за одбрана Рустем Умеров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
-
Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш