Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
Рибарските „мрежи духови“ опасни по живиот свет во Охридското езеро.Според експертите, оставените или заборавените мрежи претставуваат закана за еко-системот на езерото, кое е под голем притисок од загадувањето и човековото влијание.
Најмногу ги има точно на местата одредени како природни рибни плодишта, што се и најинтересни локации за рибокрадците.
Редовните акции за чистење се клучни бидејќи рибарските мрежи со децении гнијат во длабочините на Охридското Езеро и го загрозуваат опстанокот на живиот свет во него, меѓу кои и на охридската пастрмка и белвица.
Во 2017 година беа извадени импозантни 14 километри мрежи, во 2023 околу 2 километри, а последната нуркачка акција беше спроведена во октомври лани.Добрите познавачи апелираат на позачестени контроли и поригорозни казни.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар