Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
Во Албанија се очекува дијаспората да има големо влијание на резултатите на парламентарните избори на 11 мај, доколку правото на глас го остварат сите оние на кои им е прифатено барањето.
За гласање се пријавиле над 294.000 лица, но повеќе од 48.000 барања биле одбиени, поради различни недостатоци, што значи дека треба да гласаат 246 илјади албански граѓани во странство.
Во тек е обработката на единствениот избирачки список од кого треба да бидат избришани лицата кои се пријавени за гласање од дијаспората.
– Гласачкото ливче ќе биде испратено на нивна домашна адреса во земјата каде живеат и работат, кои потоа треба да бидат вратени назад. Трошоците се на товар на Централната изборна комисија(ЦИК), за што се предвидени над 12 милиони евра. До крајот на следната недела се очекува да биде завршена процедурата за избор на операторот на поштенските услуги, потврди Илирјан Челибаши, претседател на ЦИК.
Доколку процесот се одвива според предвидените рокови, во периодот од 8 до 16 април се планира да заврши испраќањето на гласачките ливчиња.
Регистрацијата на гласачи од странство ги надмина првичните очекувања и на Централната изборна комисија и на самите политички партии. Барањата се од повеќе од 100 различни земји во светот, но над 60 отсто од регистрираните емигранти се од Италија (над 91 илјада) и Грција (над 68 илјади), каде што живеат најголемите заедници. На трето место со над 25.000 барања се оние од Германија, а потоа нешто повеќе од 20.000 од САД, објавија албанските медиуми.
Како што претходно соопшти албанското Министерство за внатрешни работи, во единствениот избирачки список се запишани 3.721.116 лица со право на глас.
Доколку се направи споредба со резултатите од пописот произлегува дека бројот на гласачи е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113 жители.
Ново на Сител
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки
-
Кривична за сопственик на фирма, работник без работна дозвола се заглавил во работна машина и починал
-
Лишен од слобода албански државјанин на ГП „Блато“, понудил поткуп на полицаец
-
ОЈО отвори истрага против 21-годишен скопјанец, во претрес на таванска просторија во зградата каде живеел пронајдена дрога и оружје
-
Малолетник нападнат од неколку лица на автобуска станица во Центар
-
Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан