Македонија
7. March 2025 - 10:44

Дел од Трубарево без вода

Без вода денеска од 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците на скопското село Трубарево.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на два шибери Ф-80 милиметри на улица „36“ бр.12 во село Трубарево.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.