Македонија
4. March 2025 - 16:34

Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница

Празно остана местото во тетовската судница на кое денеска требаше да седи 47 годишниот тетовчанец Менсур Пајазити кој пред две и пол години на пешачки ја усмрти 22 годишната сограѓанка Теодора Ристовска.. Судот добил известување дека обвинетиот е во болница и не може да дојде на судењето..

„На 3 март 2025 година, од сопругата на обвинетиот е доставен поднесок со кој извести дека обвинетиот се наоѓа на лекување во Клиничката болница и достави извештај од ЈЗУ Клиничка болница дека пациентот е задржан на болничко лекување во оддел за интерна медицина“ рече во судницата судијата Елведин Ферати.

На Пајазити му се суди по вторпат откако Врховниот суд ги поништи одлуките на пониските судови.. Основниот во Тетово го осуди на затвор од три и пол години, обвинетиот поднел жалба, па Апелациониот суд во Гостивар, казната му ја намалил на две години затвор.. Правда барал и од врховниот суд – тој ги укинал двете пресуди и наредил ново судење.. Но, Пајазити денеска не дојде во тетовскиот суд заради болничко лекување, па рочиштето е одложено за 27 март.. 

Семејството на починатата Теодора, се сомнева дека случајот намерно се одолговлекува.. Тврдат дека и претходното судење во кое Пајазити признал вина се одвивало со големи паузи меѓу рочиштата.. Поддршка за семејството Ристовски дојде од група граѓани кои  побараа праведно судење..  

„По две и пол години повторно се наоѓаме пред суд, повторно не враќаат во болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години, студент кој се бореше за своите права и соништа. Беше човек со огромна душа и како што ги гледате овие луѓе денес тука да не поддржат бидејќи сестра ми имаше душа за сите“, изјави Ева Ристовска, Сестра.

Во август 2022 година обвинетиот Пајазити со автомобил БМВ удрил во Теодора додека минувала на пешачки премин во Тетово.. Според медицинските извештаи, девојката почичнала од крварење во мозокот..