Анчелоти: Имам многу почит кон Симеоне како тренер, тој е брилијантен!

Се е подготвено за мадридското дерби кое ќе се одигра во вторник во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА (21 часот). Во воведниот натпревар од двомечот Реал ќе биде домаќин на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а Атлетико се надева дека со евентуален „брејк“ би можел да го отвори патот за реваншот на домашен терен.
Карло Анчелоти пред натпреварот одржа прес-конференција, а новинарите накратко се потсетија на двомечот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, кој „лос бланкос“ го добија значително полесно од очекуваното и покрај формата на „граѓаните“ оваа година, која, благо кажано, беше променлива.
- Имаме убави спомени од натпреварот против Сити. Тоа беше посебна вечер и сакаме да ја повториме. Дербито е секогаш исто, тоа е посебен натпревар во однос на емоциите и притисокот. Истото ќе биде и утре. Ќе биде тесно и изедначено, одлуката ќе биде донесена во реваншот. Утре нашата цел е да одиграме добро, да создадеме предност, но не размислуваме колку ќе биде голема, изјави Италијанецот.
Иако популарниот Дон Карло е свесен дека постојат два сосема различни стила на игра помеѓу Пеп Гвардиола и Диего Симеоне, тој тврди дека неговиот тим нема да го промени стилот на игра.
- Мораме да ги земеме предвид разликите меѓу Сити и Атлетико, но не сакам да го менувам нашиот стил, менталитет и пристап, изјави тренерот на „кралскиот клуб“.
Се очекува Реал да излезе на терен со пеколно напаѓачко трио - Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго.
- Нема да го засилувам средниот ред и да играм со играч помалку во нападот. Сакаме да останеме верни на идејата, изјави тренерот на Реал Мадрид и ги истакна силните страни на Килијан Мбапе и Антоан Гризман: „Тие се меѓу најдобрите во светот. Гризман сака да доаѓа по топката, добро ја контролира и ретко испраќа непрецизно додавање. Додека Килијан е помоќен во финалето, тој е вистински напаѓач“.
И покрај големото ривалство меѓу тимовите, Анчелоти е голем поддржувач на Чоло Симеоне, а накратко се потсети на темпераментниот тренер на Атлетико од неговите играчки денови.
- Се сеќавам дека постигна гол за Лацио против Јувентус. Се бореа за титулата, Лацио победи и стана шампион. Мислам дека беше 2000 година. Имам многу почит кон него како тренер. Тој е брилијантен!, додаде Анчелоти.
Ново на Сител
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
