Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, во второ читање.
Како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страна, целта на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации е воспоставување ефикасен правен механизам за ограничување на пристапот до нелегалните интернет платформи за приредување игри на среќа.
-Ова вклучува заштита на граѓаните, од негативните последици од зависноста од игри на среќа, намалување на економскиот одлив на средства кон странство и јакнење на законската рамка за дигиталните комуникации. Начела: законитост, транспарентност, пропорционалност и заштита на општествените интереси, се вели во образложението.
На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, двата во второ читање. Како што се посочува во собранискиот веб-сајт, законските измени се во насока на усогласување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија со изменувањето и дополнувањето на Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/2024).
- Попрецизно усогласувањето се однесува на одредбите во кои се наведени институциите чии називи се изменети согласно изменувањето и дополнувањето на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Воедно, со предложените измени е опфатена и измена во раководењето со Советот на НИПП имајќи го во вид одговорот од Владата на Република Северна Македонија-Генерален секретаријат, согласно кој е укината позицијата заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, се вели во образложението за предлог-законот.
Ново на Сител
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
