Позитивни финансиски резултати на Алкалоид

Фармацевтскиот гигант Алкалоид со одлични резултати ланската година. Приходите од продажба им достигнале над 218 милиони евра, што е раст за 10 отсто во споредба со 2023 та година. Вкупните консолидирани продажби пак изнесуваат 309 милиони евра или 15 % повеќе во однос на истиот период од претходната година.
На домашниот пазар продажбите им пораснале за 17 отсто, а извозот е зголемен за 14 отсто. Најголем пораст кај извозните пазари е регистриран на Кипар, потоа во Литванија, Чиле, Велика Британија, Јордан, Грузија, Украина, Германија, Швајцарија и уште во многу земји од Истокот и Западна Европа, се наведува во соопштението на компанијата.
Гледано по групи производи, најмногу се продаваат фармацевтските производи и тоа антибиотиците, препаратите ОТЦ, како и невролошките и кардиолошките препарати.
Во 2024 та година Алкалоид ја реализираше својата најголема инвестиција во последните две децении – нов погон за производство на цврсти фармацевтски форми, каде компанијата вложи вкупно 19,4 милиони евра. Вкупните инвестиции во основни средства од јануари до декември изнесуваат над 23 милиони евра. Алкалод лани го зголеми и бројот на вработени за дополнителни 253 лица и сега групацијата брои над 3 илјади вработени, од кои 2,302 се во земјава, а 740 во странство.
Единечната добивка на групцијата пред финансиските трошоци, даноци и амортизација изнесува скоро 47 милиони евра, што е раст од 12 отсто, додека пак единечната нето добивка изнесува 27,7 милиони евра, што е исто така раст од 12 отсто, се наведува во соопштението на Алкалоид. За оваа година најавуваат продолжување по патеката на континуиран раст, со проширување на инвестициите и ширење на пазарите.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
