Македонија
26. February 2025 - 12:14
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
Паралелно тече и постапката за изгласување недоверба на членовите на судскиот совет.
За нив треба да одлучуваат пратениците на некоја од наредните седници откако ваков предлог дојде од мнозинството. Станува збор за петмина членови на судскиот совет кои таму ги предлага Собранието. Законодавниот дом нема моќ да ги разреши членовите на судскиот совет но Премиерот во неколку наврати рече дека тоа ќе биде силна порака за нив дека немаат доверба од оние кои ги избрале.
Дел од нив денеска велат дека не чувствуваат одговорност во пресрет на најавеното гласање.
-->
-->