Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на повеќе од 500 парчиња облека

Царинската управа заплени автобус со косовски таблички кој извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина кој бил специјално адаптиран за криење на роба. Случајот е откриен на влез во земјава на граничниот премин Деве Баир.
- При извршената контрола во делот на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи, информираат денеска од Царинската управа.
Запленети се над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на правото од интелектуална сопственост.
Во друг случај, на граничниот премин Дојран при влез во земјава во камион со турски таблички се запленети 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка. Камионот бил натоварен со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово.
Царинската управа информира и за заплена на фотоапарат SONY A7III со објектив SONY FE24 MM F1.8GM и компјутер за видео-игри AORUS, со вкупна вредност од 345 илјади денари кои се пронајдени на задното седиште на автомобил со македонски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце. Лицето сакало да ги шверцува во државата без да плати давачки во износ од 57 илјади денари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На граничниот премин Ново Село откриен е случај на шверц на четири алуминиумски бандажи и пар фарови за товарно возило кои се пронајдени во товарно возило со норвешки таблички управувано од македонски државјанин.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
