Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13.11.2024 година, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.
Притоа на запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари.Со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот.
Додека тој обвинет останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган.
Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот.
Ново на Сител
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци