Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, ќе настане реорганизација и наместо Агенција за квалитет во високото образование ќе има Одбор за акредитација и евалуација, кој ќе биде со сосема поинакви правила и принципи, посочи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
-Тоа сигурно ќе придонесе за зголемување на квалитетот на образованието. За Националниот совет сметаме дека и натаму треба да постои и ги договараме неговите ингеренции и на другите институции, како што се Министерството за образование и наука (МОН), Одборот за акредитација и сите други, рече Јаневска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на денешната работна средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).
Прецизира дека во подготовката на новиот закон покрај експертите од МОН се вклучени и претставници од сите државни и приватни универзитети.
-Формиравме адхок времено тело кое треба да работи на подобрување на квалитетот во високото образование. Таму побаравме да делегираат претставници сите приватни и државни универзитети. Во телото има професори, декани, ректори и самите тие без учество на МОН формираа работни групи кои ќе работат на законот за високо образование и работеа на поединечни глави. Таму секако дека мора да има и има и претставници на МОН. Сега се при крај со решенијата за да излезе новиот закон, кој кога ќе биде дефинитивно готов ќе оди на подолготрајна јавна расправа и нема да биде само 20 дена на ЕНЕР. Ќе го доставиме до сите универзитети и ќе го оставиме подолго на електронска јавна расправа, а ќе организираме и јавна расправа со физичко присуство по што ќе ги анализираме и сублимираме препораките од вработените во високото образование и тогаш ќе излеземе со конечна верзија, рече Јаневска.
Прашана колку од студентите што имаат земено стипендија за студирање на престижните универзитети во странство, што не се вратиле во државата по завршувањето на студиите, ја вратиле стипендијата, рече дека ни еден не го направил тоа поради лошите услови во потпишаниот договор за стипендија со државата.
-Ниту еден нема вратено затоа што договорот беше таков што не овозможуваше негова дефинитивна имплементација. Ако треба да вратите десеткратно од она што ви го дала државата и до крајот на животот ако исплаќате една третина од платата каде и да сте вработени и колкава и да ви е платата не можете тоа да го постигнете. Затоа ги направивме промените во договорот да бидат реални, она што е вложено да биде вратено, но и обврска подолго да бидат во земјата и да пренесуваат знаења дури ди да се во странство, прецизира Јаневска.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
