Македонија
19. February 2025 - 17:58

Без вода утре дел од Центар

Дел од општина Центар во текот на утрешниот ден ќе остане без вода за пиење, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Поради внатрешен дефект и барање од странка за затворање на вода на улицата „Кеј 13. Ноември“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од „Холидеј ин“ до поштата.

Најавено е водоснабдувањето да биде прекинато од девет часот до санирање на дефектот.