Кривична за вработена во Одделението за управни работи Куманово - непрописно продолжила регистрација на возило

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.П., референт за управни работи во Одделението за управни работи Куманово во Одделот за граѓански работи при МВР за кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената на 10.05.2024 во 14.26 часот на шалтерот на МВР во технички преглед во Куманово, без да ја запази процедурата за продолжување на регистрација на возило, извршила продолжување на регистрација и издала сообраќајна дозвола за товарно моторно возило, кое истиот ден во 13 часот било сопрено од страна на полициски службеници од ПС за БПС Куманово и со потврда за привремено одземени предмети било одземено поради истечена важност на сообраќајната дозвола од 28.12.2022 година.
Пријавената извршила продолжување на важноста на сообраќајната дозвола и промена на регистарски ознаки на товарното моторно возило и покрај тоа што возилото не ги поминало потребните проверки за исправност во станицата за технички преглед, затоа што претходно било одземено од страна на полициски службеници од ПС за БПС Куманово, со што на лице од Куманово му овозможила да се стекне со продолжување на сообраќајната дозвола спротивно на прописите за регистрација на моторни возила, воедно доведувајќи го и во поволна позиција во врска со понатамошниот исход од прекршочната постапка пред надлежен орган по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен сообраќаен прекршок поради управување на возило со помината важност на сообраќајната дозвола.
Пријавената постапила несовесно и во делот на евидентирање на горенаведените дејствија со тоа што неуредно ги водела службените евиденции и списи, што резултирало со тоа да го снема службеното досие за продолжување и промена на сообраќајната дозвола за предметното возило. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место- суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
