Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас

Во јануари 2025 година транзитот на руски гас преку гасоводот што од Турција минува низ Бугарија бележи раст за 26,7 отсто во споредба со истиот месец лани, достигнувајќи рекордни вредности, покажуваат податоците на Европската мрежа на преносни системски оператори за гас (ЕНТСОГ).
Ваквиот раст на транзитот на руски гас преку територијата на Бугарија се припишува на прекинот на неговиот пренос преку Украина од 1 јануари годинава, со што бугарската траса од гасоводот сега е единствената активна рута за дистрибуција на енергенсот до неколку европски земји, вклучувајќи ги Северна Македонија, Србија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина и Унгарија.
Бугарскиот дел од овој гасовод, чија изградба чинеше 1,1 милијарди евра, стана оперативен на 1 јануари 2021 година и има капацитет за транзит на 15,75 милијарди кубни метри годишно.
Инаку, станува збор за гасоводот кој Турција го нарекува „Турски поток“, додека во Бугарија тој го носи името „Балкански поток“.
Статистичките податоци покажуваат дека лани преку овој гасовод низ бугарска територија минале околу 15 милијарди кубни метри гас, а од неговото пуштање во употреба, Бугарија остварила заработка од околу 870 милиони евра на има на транзит.
Според ЕБТСОГ, речиси целиот капацитет за транзит на гас низ гасоводот до 2039 година е резервиран од рускиот дистрибутер „Газпром“.
Исплатата на сумите за транзит на гасот „Газпром“ ги врши преку „Газпромбанк“, кој е предмет на санкции од страна на Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД, но плаќањата за Бугарија се исклучени од санкциите од 20 март оваа година.
По овој датум ќе треба да се најде друг начин на плаќања, или во спротивно земјите кои сега се снабдуваат со енергенсот преку „Турски поток/Балкански поток“ ќе се соочат со сериозен недостигот на гас, а особено Унгарија.
Ново на Сител
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
