Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер

Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1.февруари e пронајдено во понеделник попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот „Informacion“.
Телото е предадено на обдукција, но шпанската полиција верува дека се работи за несреќен случај.
Јаков, кој бил жител на швајцарскиот град Зермат, последен пат бил виден во ноќниот клуб „Упикум“, по што му се губи секаква трага.
Тој беше во Шпанија бидејќи неговиот фудбалски клуб ФК Гранж-Пакот од Швајцарија играше натпревар во Аликанте.
Фудбалерите, во петокот вечерта, биле во споменатата дискотека „Упикум“, а откако ја напуштиле, фудбалерите се упатиле кон хотелот. Јаков се вратил во дискотеката бидејќи ја заборавил јакната.
Швајцарските медиуми пишуваат дека пријателите сфатиле дека тој не е во својата соба во саботата наутро. Тоа им било сомнително, па го пријавиле за исчезнат, полицијата во текот на истрагата успеала да го лоцира младиот човек на снимката од надзорните камери, на кои се гледа како сам оди кон областа „Дигитал Дистрихкт“ во пристаништето Аликанте. Токму на тоа место му бил прекинат сигналот од мобилниот телефон.
Следното утро полицијата го пронашла телото на Јаков на длабочина од околу два метри, на крајот од пристаништето.
Во вторник во Институтот за правна медицина во Аликанте ќе биде извршена обдукција за да се утврди дали е точна теоријата дека младиот човек починал од давење по несреќен пад.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
