Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
Педесет и пет од 67-те загинати во несреќата меѓу патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер над реката Потомак во Вашингтон се идентификувани, изјави денеска началникот на противпожарната служба, Џон Донели.
Тим од воен персонал се подготвува утре да започне операција за отстранување на остатоците од двата авиони од водата. Тие ќе бидат однесени во хангар на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон.
Во меѓувреме, семејствата на жртвите од најголемата воздушна катастрофа во САД од 2001 година денеска го посетиле местото на несреќата.
Десетици луѓе пристигнаа со автобуси и беа спроведени со полиција до брегот на реката Потомак, во близина на местото на авионската несреќа.
Во авионот имало вкупно 64 лица – патници и членови на екипажот, а во хеликоптерот Блек Хок биле тројца воени лица. Меѓу патниците во авионот имало и лизгачи кои се враќале од првенството на САД во Вичита, Канзас.
Ново на Сител
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром