Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
Данска доминира во светскиот ракомет, трите сребрени медали откако се искачија на врвот на светот во 2019 година, ракометната репрезентација на Данска нема вистински ривал. Во норвешкиот Осло ја совладаа Хрватска со 32:26 (16:12) и испишаа историја со тоа што станаа првата селекција која четврти пат по ред се круниса за светски првак.
Хрватска направи сензација во полуфиналето кога во Загреб ја победи Франција, но сега не можеше да го направи тоа и против Данците. Хрватите имаа негатива од два до три гола на почетокот на мечот, но Матијас Гидсел, Емил Јакобсен, Симон Питлик, Никлас Киркелоке и другите асови рутински ја водеа Данска до нова титула.
Веќе на стартот од вториот дел, Данците со добра одбрана искористија уште двајца играчи и во 38. минута поведоа со 22:14, па 24:14, а потоа рутински го одржуваа водството, иако му дозволија на својот ривал да го ублажи поразот.
Матијас Гидсел постигна 10 гола за Данска, Јакобсен остана на пет од првото полувреме, Мадсен додаде четири, Питлик три, Јоргенсен, Киркелоке по два. Мартиновиќ со шест и Шоштариќ со пет гола беа најефикасни во редовите на вицешампионите.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина