„Хеленик трејн“: Ламарини, прехранбени продукти, пива и железни жици превезуваше товарниот воз што се судри со патничкиот кај Темпи

– Ламарини, прехранбени продукти, пива, жици од железо и празни контејнери, според компанијата „Хеленик трејн“ (Hellenic Train), превезувал товарниот воз што на крајот на февруари 2023 година директно се судри со патнички воз кај Темпи и животот го загубија 57 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако во изминатиот период во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, според која околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што предизвикала недостаток на кислород, во Грција се поставуваше прашањето што точно превезувал товарниот воз и дали постоел нелегален товар.
Од компанијата утрово излегоа со соопштение во кое ја повторуваат нивната „цврста заложба за соработка, од првиот момент, доставувајќи ги сите достапни информации, со апсолутна транспарентност и одговорност до секој надлежен орган, со цел целосно расветлување на трагедијата кај Темпи“.
– Почитувајќи го барањето за вистината на семејствата на жртвите и на општеството, компанијата продолжува активно да придонесува во истрагата на случајот.
Компанијата веќе ги достави сите потребни податоци до надлежните органи и одговори на сите соодветни прашања, соопштија од „Хеленик треин“.
Додадоа дека прашањето за тоа што пренесувал товарниот воз 63503 „е веќе разјаснето, во рамките на прашањето од 3 март 2023 година, поднесено до грчкиот Парламент“.
Поконкретно за тоа пто превезуваше возот, објаснуваат дека имал 13 вагони, од кои првите три, кои излетаа од шините, „превезуваа широки производи за ламинирање од железо (лим)“.
Во четвртиот, петтиот, шестиот и седмиот вагон имало прехранбени продукти, во следните два имало пива, во 10-ти – 11-ти вагон биле железни жици, дека во последните два имало празни контејнери.
– Според евиденцијата на нашата компанија и според изјавата на клиентот/шпедитерот, содржината на запечатените контејнери, како што е предвидено со националните и меѓународните прописи за превоз на стока преку железницата, детално е евидентирана на листот за состав и има ставени на располагање на властите.
Hellenic Train ќе продолжи да соработува со надлежните органи, со транспарентност и одговорност, соопштија од компанијата.
Соопштението од „Хеленик трејн“ доаѓа и по синоќешното интервју на грчкиот премиер во кое објасни дека, иако 15 дена по несреќата рече дека во товарниот воз немало ништо сомнително, сега, посочи дека тогаш не направил грешка, туку ги пренел информациите што ги имал, а ја остави отворена можноста, во случај да се докаже дека се пренесувал нелегален материјал, тогаш компанијата ќе треба кривично да одговара.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
