Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи
Петмина скијачи загинаа во две одвоени лавини на француските Алпи, објавија синоќа локалните медиуми.
Во регионот Савоја на француските Алпи, четворица норвешки скијачи ги загубија животите во областа Вал-Сенис, објавија француските медиуми, цитирајќи ја локалната префектура.
Групата од седум скијачи биле излезени од патеката кога удрила огромна лавина и однела четворица од нив. Три тела биле извлечени на местото на настанот, додека една жена, која со хеликоптер била пренесена во болница во Гренобл, подоцна била прогласена за мртва.
Во меѓувреме, швајцарски скијачка загина во посебна лавина во близина на Валорсине, северно од масивот Мон Блан. Таа наводно патувала со нејзиниот татко и брат кога удрила лавина, објави весникот „Фигаро“, повикувајќи се на јавниот обвинител.
Таткото на 30-годишната е неповреден, нејзиниот брат е пренесен во болница на преглед. Сите тројца биле надвор од патеката.
Префектурата Горна Савоја издаде предупредување за зголемен ризик од лавини.
Во вторникот, 55-годишен британски скијач исто така беше фатен во лавина во регионот на Мон Блан и загина.
Ново на Сител
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп