Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус

Премиерот Христијан Мицкоски за најавата на тетовскиот градоначалник и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами за промена на имињата на улиците во Тетово и без консензус, нагласи дека тоа не може да се случи и доколку се случи, како што рече, како претседател на Владата нема да разгледува таква точка.
-Прво, не може да има промена на имиња без консензус. Тоа зависи од одлука на Влада. Доколку се донесе еднострана одлука, јас како претседател на Владата, таква точка нема да разгледувам, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Мицкоски потенцира дека има коалициски договор во кој, како што рече, стои дека тие улици кои веќе имаат име да не се менуваат.
-Второ, има коалициски договор, колку што сум јас запознаен, а коалицискиот договор е дека сите оние улици коишто се без број или со број, да добијат имиња. А тие улици коишто веќе имаат име да не се менуваат. Тоа е коалицискиот договор. А имињата коишто ќе бидат предложени за оние улици коишто се без број и со број, треба да бидат прифатени, и да имаат коалициски компромис, рече премиерот Мицкоски.
Општина Тетово формираше работна група за именување и преименување на улици, плоштади, паркови и некои инфраструктурни објекти. Во првата фаза е направен регистер на сите улици, по што треба да се распише јавен оглас за предлози со имиња, кои потоа треба да поминат во Советот и на владина седница.
По најавата за именување и промена на имиња на улици во Тетово, Сојузот на борци испратија отворено писмо до Касами, во кое му порачува да нема преименување на улици кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ, но и да не се предлагаат имиња со кои се нарушува угледот на земјата и се навредуваат чувства на граѓаните. Во писмото го потсетуваат Касами дека треба да биде градоначалник на сите граѓани кои живеат во општината и дека согласно законските одредби, Одлуката за определување на име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект, која ја носи Советот, мора да има и мнозинство гласови од советниците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината, а листата на имиња мора да има и согласност од Владата.
-Јавно апелираме до државниот врв, особено до Владата веднаш да го осуети овој срамен обид за креирање на немир во Тетово, инициран и поттикнат од националистот Биљал Касами. Јавно апелираме до сите политички партии, парламентарни и непарламентарни веднаш јавно да го осудат сценариото во кое сака да не вовлече Биљал Касами. Јавно апелираме до амбасадите на ЕУ И САД и до целиот дипломатски кор на меѓународната заедница, да преземат дипломатска активност да се спречи националистичкото сценарио, посочија од OО Сојуз на борци Тетово.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
-

34-годишник се обидел да силува 22-годишна девојка во струмичко
-

Кривична за 38 годишен тетовец, оставил писмени закани кон деканот и останатите професори на факултетот
