Купете си изгубен куфер за 120 денари
Купете си изгубен куфер за 120 денари. Примамлива понуда поради која лесно може да ви ги снема сите пари од трансакциска, а и да ви создадат нов, лажен индентитет со вашите податоци. Скопскиот аеродром е мета на лажни сајбер напади. На социјалните мрежи кружат понуди, дека раководството на аеродромот организира распродажба на изгубени куфери, кои не се подигнати повеќе од половина година.
Измамниците толку добро се организирале што креирале и лажни фејсбук профили, односно идентитети, преку кои во коментари прикажуваат фотографии дека им пристигнал купениот куфер на домашна адреса. Од Скопскиот аеродром ги предупредија граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, бидејќи личните податоци лесно може да им бидат злоупотребени.
На сајбер нападите не се отпорни ниту функционерите. Во име на министерката за финансии се прошири лажно интервју во врска со даноци.
Од МВР за Сител велат дека се постпапува по овие случаи.
Апелираат до граѓаните двапати да размислат пред да ги споделат личните информации со секого, бидејќи поради мало невнимание може да останат без пари на сметка. Неделава првиот човек на дигитализација, ја презентираше и Националната страгегија за сајбер безбедност, која во пракса треба да овозможи државата подобро да се справи со сајбер нападите. 24-та се одбележа и по големиот број на сајбер напади на владини институции и училишта, но и неволна подготвеност на надлежните за справување со ваквиот вид напади.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар