Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
Законските измени за заштита на децата, на кои претседателката Силјановска Давкова пред неколку недели стави вето и го врати во Собранието, утре, согласно Деловнико, одново се на собраниска седница. Владејачаката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ постигнала консензус наместо двојазични, сега се дава можност тестирањето и лиценците за работа на негователките во градинките да може да бидат и алабански по барање, и дека тоа е согласно Уставот.
Според поднесените два амандмани тестирањето ќе биде на македонски јазик, со тоа што доколку кандидатот побара може да се тестира и на јазик „што го зборуваат најмалку 20 отсто од гражаните“. Слично е и кај лиценците. Тие ќе бидат издавани на македонски јазик, а по барање на кандидатот може да му се издаде и албански примерок.
По два амандмни поради укажувањата на Силјановска поденеле и опозициските Левица и СДСМ. Од Левица, за лиценците наместо уставната формулација „јазик што го зборуваат над 20 отсто од граѓаните“, користат формулација „на еден од службените јазици“, што според власта е исто така неуставно решение.
СДСМ пак, предложиле да се избришат членовите за тоа тестирањето и лиценците за негователи да можат да бидат и на друг јазик освен на македонски.
Претседателката Силјановска ги врати првичните измени со укажување дека биле неуставни, а употребата на македонскиот јазик се уредувало со друг закон. Согласно Деловникот, пратениците во рок 30 дена треба повторно да ги разгледаат измените и евентулано да направат дополнување согласмо укажувањата. Доколку законските измени го добијат мнозинството во третото читање, претседателката Силјановска ќе мора да го потпише указот за негово објавување во Службен весник.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар