Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
Најмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во руски ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, соопштија украинските власти.
Поради обемот на штетите затворена е метро станицата Лукианивска во близина на центарот на градот, пренесува ДПА.
За разлика од претходните напади на Киев, овој пат не бил објавен аларм за воздушен напад, а предупредувањето се огласило дури откако се слушнале експлозии.
Според официјалните извештаи, во нападот биле користени балистички ракети. Оштетената метро станица се наоѓа веднаш до фабрика за оружје која повеќепати била цел на руски ракетни напади.
Според украинските медиуми, остатоци од проектилите паднале и во други делови на градот.
На сликите кои се објавуваат на социјалните мрежи можат да се видат оштетени автомобили и истекување вода предизвикано од пукање на водоводна цевка на станицата.
Во делови на Киев, каде живеат три милиони жители, водоснабдувањето беше привремено прекинато.
Ново на Сител
-
Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“
-
Морган Фримен за своите златни обетки коишто се неразделив дел од неговиот имиџ
-
ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!
-
Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана
-
УХМР: Следува период на претежно сончево време
-
Приведени две лица од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното
-
Тошковски: Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина
-
За викендот од 1549 издадени платни налози дури 844 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење