Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
Време е за војна - вака треба да размислуваме. Првиот човек на НАТО, денешната конференција на Воениот комитет на Алијансата ја отвори со предупредувачка реторика.
„За да превенираме војна, мора да се подготвиме за војна. Треба да размислуваме исто како да е време на војна. Ова значи дека мора да ги зајакнеме одбраните, со тоа што ќе инвестираме и продуцираме подобри одбрамбени капацитети“.
Руте вели дека Алијансата мора да продолжи со поддршка кон Украина, за да се промени траекторијата на војната, додавајќи дека сите сакаат да заврши.
Домашните експерти за безбедност, острата реторика на Марк Руте која преовладува во неговите последни обраќања, оценуваат дека се должи на сите собрани информации од теренот. Велат дека ситуацијата е променета – веќе не се бара начин за смирување на конфликтот, туку подготвеност за негова ескалација и потенцијално вклучување на Алијансата во истиот.
За нешто помалку од шест месеци, Алијансата ќе бара од своите земји членки да ги зголемат инвестициите во одбраната. Иако Трамп предложи вложувањата во НАТО да скокне на 5 отсто од бруто домашниот производ, Руте пресече дека тоа е невозможно. Вели дека тоа може да биде од 3,6 или 3,7 проценти, освен ако не се постигне подобар договор за заедничко купување на оружје или други иновации. Македонија со 2,2 проценти од БДП во обраната е на 11 место од вкупно триесет и две членки во Алијансата.
Злате Димовски, експерт за безбедност – објаснува дали ќе може да испорача 3,6 или 3,7 од БДП.
На конференцијата на генералштабовите на Армијата, на која е присутен и генерал мајор Сашко Лафчински, меѓу другото е нотирано дека руската агресија кон Украина се проширува.
Сајбер нападите и саботажите кон европските држави Руте ги квалификуваше како обид за дестабилизација.Обвини дека Русија не дејствува сама, туку има поддршка од Кина, Северна Кореја и Иран.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар