Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче.
Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.
Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале.
Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.
Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење.
Ново на Сител
-
Вучиќ отфрла критики: 47.000 луѓе присуствуваа на воената парада во Белград
-
Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“
-
НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала
-
Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
-
МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници
-
Ангелов: Целосна контрола на пожарот над Батинци, имаме индиции дека е намерно подметнат
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда