Преглед на вестите од светот
Зоран Милановиќ останува претседател на Хрватска. Милановиќ кој беше подрржана од опозициската Социјалдемоктраска Партија осовени 74,68 од гласовите во вториот круг од изборите додека. Драган Приморац поддржан од владејачката ХДЗ 25,32 отсто. Хравтските медиуми пишуваат дека ниту еден хрватски претседател никогаш не бил избран со поддршка од над 70 отсто.
Приморац не му честиташе на победникот за неговиот втор петгодношен мандат. Изостанаа честитчките и од премиерот Пленковиќ. 58 годишниот Милановиќ, во победничкиот говор рече дека победата ја гледа како признание за досегашната негова работа и додаде дека и подава рака на владата. За време на неговиот прв мандат, Милановиќ често се судираше со премиерот Пленковиќ поради надворешната и јавната политика, при што двајцата често си разменуваа навреди.
Хрватите се надеваат на подобра соработка помеѓу Милановиќ и Пленковиќ.
„Би било добро ако двајцата постигнат договор. Ако можат да најдат заеднички јазик, тоа ќе биде добро. Ако не, сè ќе биде повторно исто, вели Ратко Кљајиќ, житеч на Загреб.
Ова е борба меѓу двајца силни, паметни луѓе, едниот плука по другиот, тоа е жално, а денес е тешко да се очекува нешто. Моќите се ограничени, затоа, ако некој сака да направи нешто, тој мора да има моќ, Изјави Славко Жаниќ.
Милановиќ е жесток критичар на Европската Унија и на Нато и противник на западноевропската воена поддршка за Украина. Претседателската функција во Храватска е главно церемонијална. Претседателот не може да стави вето на законите, но има збор во надворешната политика, одбраната и безбедносните прашања.
Расте црниот биланс од шумските пожари во округот Лос Анџелес. Бројот на жртвите се искачи на 24 - од кои 16 во Итон а 8 во Пацифик Палисадес. 13 лица се водат како изчезнати. Уништени се 12 000 објекти. Сеуште горат три пожари, најголемиот, пожарот Палисадес, е локализиран само 13 отсто. Силните ветрови остануваат проблем за пожарникарите.
-Зголемените критични временски услови за пожар ќе продолжат до среда. До сите жители ве молиме да бидете уверени дека ќе продолжиме да бидеме тука за вас додека последниот пожар не биде целосно изгаснат, изјави Ентони Мароне, шеф на противпожарната служба на округот Лос Анџелес.
Голем број луѓе и денеска дојдоа во центрите за донации низ Калифорнија, оставајки пари, облека, храна, вода за погодените од пожарите.
Донирав вода. Донирав храна, житарки и тестенини. Исто така, донирав и маски за лице, како и неколку марамчиња за чистење.
Откако почнаа пожарите на 7 јануари, во погодените области полицајата уапси 29 лица за грабежи. Еден од нив бил маскиран како пожарникар.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар