Македонија
9. January 2025 - 21:17

Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо

Без многу говори и само со изнудени реплики. Вакава слика се очекува на утрешната седница на која на дневен ред се дури 5 интерпелации, од кои 4 за владините функцинери Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и неговиот заменик Исеини, поднсени од ДУИ. Според она што е разговорано меѓу пратеничките групи на власта и опозицијата ова веројатно ќе бидат најбрзите интерепеалции во македонското Собрание. Се предвидува дури и дека проверката на министрите ќе заврши во еден ден и тоа со познат исход: да си ги задржат позициите.

Според најавите, за говори не се расположени дури ни интегративците на Ахмети иако инцијативите се нивни. Планирано било да говори по еден предлагач и уште два-тројца  пратеници за секоја од интерпелациите. Главниот адут на ДУИ во интрепелациите ќе биде Стоилковиќ.

„Не можеме да дозволиме човек кој претставува странски агенди и кој институционално ги нарушува меѓуетничките односи и нашите меѓународни односи да продолжи да управува со толку важен сектор за нашата иднина“, пишуваат од ДУИ.

Од власта комотни во мнозинството. Од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бранат позициите на Тошковски и Стоиљковиќ со еден-два говори. Пратеничката група на Вреди планира да има тројца говорници кои ќе застанат во одбрана на Меџити, Тошковски и неговиот заменик. За реплики, пратениците на мнозинството ќе се јавуваа само доколку бидат навистина испровоцирани.

Од опозциската СДСМ не ги поддржуваат интерпелациите бидејќи сметаат дека се етнички базирани. Нивниот настап на  седницата, ќе бисде утврден утре на координација. Неофицијално, пратениците на СДСМ нема да учествуваат во дебатата.

Од Левица пак, најавиле дека ќе говрат само во одбрана на нивната интерепелација – онаа за Илире Даути која како претседателка на комисијата за социјална политика го блокираше законот за бранители.

На седницата право на одбрана ќе имаат и министрите. Тие денеска велат дека интрепелациите се обид за дестабилизација или пак, за дефкус од нивната работа.

„Овој обид за дефокус на македонските граѓани е осуден на пропаст и за жал повторно се гледа вистинското лице на дел од опозицијата. Правдата е спора но секогаш излегува на виделина, а нашата борба за праведна безбедна и просперитетна Македонија само што почна и ќе продолжи со несмален интензитет“ вели Тошковски.