Утринските температури насекаде над нулата, освен во Берово со -1 степен
Температура под нулата утрово е измерена само во Берово, -1 степен.
Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 2 степена на Попова Шапка, во Крива Паланка и Штип, 3 степени во Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Лазарополе и Виница, 4 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп и Маврови Анови, 5 во Битола и Крушево, 8 степени во Гевгелија, Демир Капија и Претор и 9 степени во Охрид и Дебар.
Во Маврови Анови и во Пожаране во изминатите 24 часа е измерен 1 литар на квадратен метар навранат воден талог. Снежна покривка има на Попова Шапка (42 сантиметри), 32 во Маврови Анови и 7 сантиметри во Крушево.
Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. УХМР соопшти дека во Тетово хоризонталната видливост е ограничена на 500 метри и дувало слаб до умерен ветер од претежно од јужен правец.
Во текот на денов ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Максималната температура ќе достигне од 6 до 15 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци