Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
Компанија која доаѓа од моќна земја, членка на Унијата ќе инвестира 350 милиони евра. Преговорите се во завршна фаза, фирмата ќе произведува батерии, односно напредна технологија, она, што според премиерот Мицкоски е иднината во светот. До јули, се очекува влез на уште една компанија, која ќе вложи половина милијарда долари.
„Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата. Другата веќе ја најавивме и очекувам конечно некаде јуни-јули да го ставиме камен темелникот. Тоа е ветерниот парк од половина милијарда долари. Така што очекувам успешна и плодна година – изјави премиерот Христијан Мицкоски
Ланската година Мицкоски ја оцени како доста плодна во делот на странските директни инвестиции. До октомври се вложиле над 940 милиони евра. И покрај падот на индустриското прозводство и кризата во Германија, нашиот најголем трговски парнер , премиерот очекува успешна година, која ќе не вброи во 5 те најброзрастечки економии во Европа
- Затоа пак ќе растат инвестициите, ќе расте потрошувачката, се намалува разликата помеѓу увозот и извосот и се тоа тоа влегува во бруто домашниот производ. Јас со сите инвестиции очекувам да бидеме меќу 5 те најбрзорастечки економии во Европа, додева Мицкоски.
Овој месец се чека одлука на постоечки инвеститор, дали ќе не одбере нас за да го прошири своето производство или ќе вложи во Пенсилванија. Сепак, очекувањата на Мицкоски се инвестициите оваа година да надминат милијарда евра.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар