Куба и ЕУ потпишаа историска спогодба за нормализирање на односите

Европската унија и Куба денеска потпишаа спогодба за нормализирање на односите, пренесоа британските медиуми. Спогодбата го отвора патот за воспоставување широка економска соработка и давање помош за ова комунистичка држава во Карипско Море.
На церемонијата на потпишување во Хавана присуствуваа кубанскиот шеф на дипломатијата Бруно Родригес и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
-Ова е историски ден, рече Могерини.
Спогодбата доаѓа на одгласите за одмразнување на врските меѓу Куба и САД.
Спогодбата сега треба да биде ратификувана од националните парламенти на сите земји членки на ЕУ и од Парламентот на Куба.
Документот создава рамка за редовен политички дијалог и воспоставува параметри за трговијата и економската помош. Тој ја менува едностраната политика, наметната од ЕУ пред 20 години, што ја дразнеше Куба со барањето за промени во нејзиниот еднопартиски систем.
До денешното потпишување на спогодбата се дојде по долги и сложени преговори меѓу Брисел и Хавана. Куба беше единствената земја од Латинска Америка која досега немаше таква спогодба за соработка со ЕУ.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
