Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска денеска одговорајќи на пратеничко прашање за соработката на членот на ДКСК, Цвета Ристовска со Универзитетот за туризам и менаџмент и дали постои можен судир на интерес бидејќи Ристовска го водеше предметот за директорот на Агенцијата на национална безбедност, потенцираше дека таа нема склучено договор за финансиски надоместок и не е член на наставниот кадар на Универзитетот, а предметите се распределуваат електронски.
-Членот на Комисијата нема склучено договор за финансиски надоместок и не е член од наставниот кадар на Факултетот. Таа последен пат била ангажирана како експерт-предавач пред околу четири години. Во однос на начинот на распределба на предметите, истиот е уреден во Деловникот за работа на Комисијата. Предметите се распределуваат електронски и нема можност за човечки фактор, односно субјективизам. Ги почитуваме строго овие правила кои се утврдени во Деловникот и Законот, рече Димитровска.
Таа потенцираше дека ДКСК носи одлуки само врз основа на проверени, утврдени и институционални факти и информации за секој поединечен случај по кој што постапува.
Како што рече, одлуката во однос на именувањето на директорот на Агенцијата за наицонална безбедност беше донесена врз основа на овие принципи и во рамките на надлежностите на Државната комисија.
-Во однос на надлежностите утврдени со Закон, ДКСК нема надлежност да утврдува и постапува доколку во одредени случаи постојат индиции за доставени неверодостојни документи. Одлуката во однос на именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност беше донесена врз основа на овие принципи и во рамките на надлежностите на Државната комисија. За сите други индиции, постојат надлежни органи кои постапуваат во рамките на своите законски надлежности, додаде Димитровска.
Во однос на проверка на веродостојноста на документите кои го потврдуваат завршеното високо образование, Димитровска рече дека Државната комисија не е надлежна и нема правни механизми да го стори тоа.
-Надлежност за проверување на веродостојноста на овие документи е Државниот просветен инспекторат, за кој Државната комисија достави барање, беше изготвен записник од надлежниот орган и согласно заклучоците од тој записник, беше донесена и одлуката. Во однос на судирот на интереси ДКСК има ексклузивна надлежност да проверува случаи за постоење на судир на интереси, рече Димитровска.
Таа уште еднаш појасни дека не постои судир на интереси во однос на членот кој што учествувал во одлучувањето и кај кој бил електронски распределен предметот.
Ново на Сител
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди